Ветеранот Балдовалиев го засили нападот на Тиквеш

0
104


Врсникот на Горан Пандев кој растеше со него во Беласица повторно се врати во Македонија и сега ќе проба да му помогне на Тиквеш да се врати во Првата лига.

Тимот од Кавадарци и оваа сезона има прволигашки амбиции, но некако заринка изминатава полусезона. Во Втората лига Исток кавадарчани се на 4-тото место со дури 7 бодови заостанување зад лидерот Беласица и единственото место кое директно води меѓу прволигашите.

Тиквеш се пофали дека нападот го засилил со 36-годишниот ветеран Зоран Балдовалиев кој доаѓа од грчкиот четвртолигаш Јурхас каде замина летоска. Иако во години, Балдовалиев е докажан голгетер и сепак е одлично засилување за било кој македонски второлигаш.

http://kajgana.com/

Во својата богата кариера Балдовалиев има играно за многу клубови. Во странство најмногу се прослави тресејќи ги противничките мрежи во дресовите на софиски Локомотив, истоимениот клуб од Пловдив и грчка Керкира, додека во Македонија покрај за Беласица има играно за Турново и Академија Пандев. Тој е и поранешен репрезентативец кои играше како за младинските селекции така и за сениорскиот тим за кој на 11 натпревари постигна 2 гола.

http://kajgana.com/

Балдовалиев е веќе во Кавадарци и се очекува дебито да го има на контролниот натпревар против Работнички кој треба да се одигра на 25-ти. Покрај тој натпревар кавадарчани закажаа уште пет други пресметки и тоа со Пелистер, Беласица, Победа, Скопје и Гостивар.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here