Без конкуренција, Вардар го одигра своето најсрамно полувреме во Лигата на шампионите и можеби најболното во Скопје воопшто во самостона Македонија. Но не е најлошото, ако се земат во конкуренција и оние гостинските.
Приматот го држи Металург и тоa токму против Кил. Станува збор за натпревар од групната фаза во сезоната 2014/15, кога Лино Червар ја зема под заложништво екипата, а потоа таа се растури, па Металург го доработи календарот со младинци.
На гостувањето во „Шпаркасен арена“, тогашниот првак на Македонија постигна само три гола во првото полувреме, а тоа заврши со 17-3 за „зебрите“. За разлика од вечерашниов меч, кога Вардар се обиде да се врати и во вториот дел дојде на минус пет, тогаш работите ескалираа во второто полувреме, па Металург загубисо 35-16.
Ова се случуваше во февруари 2015, кога првотимците како Миркуловски, Мојсовки, Димовски, Вугринец, Атман веќе си заминаа, па честа ја бранеа младинците како Талески и Нелоски со по 19 години.
