Велс ќе му забрани на Бејл да игра голф за време на ЕУРО

0
131


Селекторот Рајан Гигс донел одлука да им забрани на велшките репрезентативци да практикуваат било каков друг спорт за време на Европското првенство.

Џонатан Форд од Фудбалската асоцијација на Велс потврди дека ниту ѕвездата Герет Бејл нема да биде поштедена од правилата на Гигс.

„Рајан стави јасно дознаење дека додека играчите се во репрезентацијата фокусот треба да биде само на фудбал. Не смее да се доведеме до ситуација во која играчите би си го ризикувале здравјето и подготвеноста играјќи голф. Не може да тренираат цел ден, па мора да има и некаква занимација за дечките. Но, треба и да се биде внимателен“, рече Форд во изјава за The Sun.

Правилото ќе важи и за Бејл кој е голем љубител на голфот. Кога Велс обезбеди место на ЕУРО 2020 минатиот месец, тој пласманот го прослави вадејќи државно знаме на кое пишуваше „Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“ алудирајќи на неговите приоритети. Сепак, со оглед на тоа што Велс е пред голфот, за очекување е Бејл да се придржува до правилата на Гигс.

http://kajgana.com/

Велс е во групата А заедно со Италија, Турција и Швајцарија. Натпреварите ќе ги игра во Рим и Баку.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here