Велосипедист пронашол бездомна мачка која решил да ја носи на патување низ светот

0
1


Дин Николсон од Шкотска тргнал на пат околу светот со својот велосипед, но неговото соло патување не траело долго. Тој пронашол една бездомна мачка која решил да ја носи со себе и заедно да ги продолжат авантурите. Дин вели дека кога ја пронашол и дал храна, а кога си тргнал таа продолжила да го следи, па така решил да ја земе со себе. Мачката ја нарекол Нала и вели дека нивната поврзаност е незаменлива. Тој споделува дека кога ја ставил во кошницата која ја имал на својот велосипед, таа скокнала на неговото рамо и тогаш знаел дека таа ќе му биде најдобриот сопатник за идните авантури.

Од пронаоѓањето на Нала, тие заедно посетиле неколку држави како Црна Гора, Албанија, Грција, Турција и Грузија. Во секоја држава луѓето ја обожавале и постојано се сликале со нив. Понекогаш дури и добивале храна, а во еден хотел каде што биле сместени морал да плати дополнително и за Нала.

Нала имала големо влијание врз Дин и целосно ги сменила неговите цели. Тој заради топлото време постојано возел без да престане за да стигне побрзо до неговата цел – Азија. Нала го научила да застане, да ужива во мирисот на розите и во убавината на природата околу него.

Прочитајте и за овој мачор со џуџест раст засекогаш ќе биде со големина на маче.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here