Вардар падна и во Кил, четврти пораз во серија

0
129


Вардарци беа немоќни против германскиот состав кој на крајот дојде до висока победа од 11 голови разлика и го задржа првото место на табелата.

Првото полувреме беше доста ефикасно и го добија домашните ракометари кои на паузата заминаа со водство од четири голови разлика (18:14).

Разликата ја направи познатиот дански голман Никлас Ландин кој одбрани неколку зицери. На спротивната страна, Алжирецот Халифа Гедбан се разбрани кога беше најпотребно, кога Кил имаше +6.

Вториот дел почна рамноправно, Вардар одржуваше чекор играјќи гол за гол, но потоа следуваше период кога Кил направи 5:0 и стави крај на надежите на актуелниот шампион. На крајот Кил триумфираше со 34:23.

Со оваа победа Кил го задржа првото место на табелата во групата Б каде сега има 18 бодови. Вардар го запиша дури шестиот пораз и четврти по ред со што останува на 6. место.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here