Бутрагењо: Сити инвестираше многу пари, но ние сме Реал Мадрид

0
130


Шампионот на Премиер лигата ќе биде силна пречка на патот на Реал Мадрид кон прво финале без Роналдо. Ќе се надмудруваат два одлични стратези, Зинедин Зидан и Пеп Гуардиола.

Во Мадрид се и тоа како свесни дека жрепката не им беше наклонета. Напротив, го добија шампионот на Англија предводен од Пеп Гуардиола.

Директорот и поранешен легендарен играч Емилио Бутрагењо е самоуверен, за него Реал е Реал без разлика колку богат е противникот.

„Секој противник и незгоден во оваа фаза. Сити е моќен противник. Ќе биде возбудливо и ние ќе мора добро да се подготвиме. Ќе се бара најдоброто од нас“, почна Бутрагењо по направената жрепка.

http://kajgana.com/

„Тие инвестираа многу пари, но ние сме Реал Мадрид и сме во позиција секому да му се спротивставиме. Навикнати сме на вакви натпревари, ќе биде одлично за навивачите“, заврши поранешниот напаѓач кој 12 сезони мина постигнувајќи голови во белиот дрес.

Она што е Бутрагењо во Реал, тоа е Чики Бегиристаин во Манчестер Сити. И тој како и тренерот Гуардиола порано играше за Барса и ривалитетот со Реал му е добро познат.

„Ќе биде тешко, се разбира. Реал Мадрид има 13 пехари, тие се најдобри. Ние сакаме да бидеме најдобри, значи сакаме и да ги победиме најдобрите. Секогаш е задоволство да се оди во Мадрид и да се игра на голем стадион како „Сантјаго Бернабеу“. Знаеме што нѐ чека, а тие го познаваат и нашиот тим и нашиот тренер“, рече Бегиристаин кој за Барса играше како крило и тоа во ерата на Бутрагењо. За Шпанија заедно играа на ЕУРО 1988.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here