Будењето со аларм ве прави уште поуморни

0
112


Будењето со звукот кој секојдневно го слушате наутро влијае на вас. Па, затоа дури и кога сте веќе будни сте како во состојба на полусон. Овој феномен во науката е познат како инерција на спиење. Покрај огромната желба да се вратите во кревет, инерцијата за сон ќе влијае и на вашето функционирање во текот на денот, а и на вашето расудување.

Овој феномен за првпат бил забележан кај американските пилоти, припадници на воздушните сили во 50-тите години од минатиот век.


Дури и денес, оваа појава е особено опасна за луѓето кои имаат ризични работни места и може да се најдат во опасни ситуации веднаш по будењето – пожарникари, пилоти, мајстори итн.

Резултатите од едно неодамнешно истражување објавени во научното списание PLOS one го поврзале алармот за будење со инерцијата за спиење.

Според авторот на истражувањето, Стјуарт Мекфaрлен, ако не се разбудите како што треба, вашата способност за работа ќе опаѓа во наредните 4 часа по будењето, а тоа е причина за многу несреќи што се случуваат на работните места.

Научниците советуваат да го промените звучниот аларм со некој помелодичен звук и тие веќе работат на тоа да го пронајдат совршениот звук за будење. Имено, неприродното свирење го иритира и збунува мозокот во раните утрински часови и е потенцијална причина за утринското нерасположение. Една од нивните препораки за мелодија за будење е песната „Close to me“ („Блиску до мене“), од групата „The ​​Cure“. Па, проверете дали оваа песна би можела да биде вашиот аларм за будење.

Инерцијацијата на спиење е нешто на што се жалат и астронаутите од Меѓународната вселенска станица, тврдејќи дека таа влијае и на нивните лоши перформанси.

Можеби сакате да прочитате и за тоa дали бинауралните тонови навистина помагаат со спиењето?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here