Британските пратеници го отфрлија предлогот за предвремени избори

0
105


Лондон, 28 октомври 2019 (МИА) – Британскиот Парламент вечерва го одби предлогот на премиерот Борис Џонсон на 12 декември да се одржат предвремени избори.

Предлогот на Џонсон не го доби неопходното двотретинско мнозинство. „За“ предлогот гласаа само 299 пратеници.

Џонсон најави дека повторно ќе се обиде во Парламентот да обезбеди одржување на избори во декември, со поднесување на предлог-закон за кој е потребно просто мнозинство.

Европската Унија претходно прифати одложување на Брегзит најдоцна до 31 јануари.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here