Британскиот Парламент го одложи гласањето за договорот за Брегзит

0
120


Лондон, 19 октомври 2019 (МИА) – Британскиот Парламент денеска одлучи да го одложи изјаснувањето за новиот договор за Брегзит, што беше постигнат помеѓу Лондон и Брисел.

За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, додека 306 беа против.

Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.

Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат Брегзит без договор.

Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here