Британска дадилка заврши во затвор бидејќи добила дете од 13-годишник

0
43


Мажена 20-годишна дадилка заврши в затвор откако се дозна дека била во врска со 13-годишник со кого дури има и дете.

Леа Кордис од британскиот Виндсор, која во тоа време имала 17 години родила дете откако два пати неделно во текот на една година имала сексуални односи со малолетник. Нејзиниот сопруг верувал дека детето е негово, но ДНК тестовите покажаа оти малолетникот е биолошкиот татко.

Случајот овие денови заврши на суд, а малолетникот чиј идентитет сѐ уште не е откриен кажал оти таа влегувала во неговата соба додека играл на компјутер и му ги соблекувала гаќите.

-Ми рече дека треба да имаме секс и да се сакаме. Сакаше тоа да го правиме. Сега ми се чини дека воопшто не и бев важен, рекол малолетникот.

Тие во врска биле околу една година пред да почне да се шпекулира за врската, а неговата мајка пријавила кај надлежните.

Најпрво ги демантирала обвинувањата, но откако е направен ДНК тест се покажало дека детето е татко на нејзината ќерка, па тогаш рекла дека ја силувал.

Сепак, биле прегледани и дигиталните докази, односно пораки кои таа му ги испраќала нему, и кадешто му вели дека ѝ се допаѓа.

Судот ја прогласи за виновна за сексуални односи со дете и е осудена на 30 месеци во поправна установа.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here