Британската полиција: Сите жртви од камионот се Виетнамци

0
114


Британската полиција вчера соопшти дека сите 39 мртви луѓе во ладилник на камион, пронајден во близина на Лондон, се државјани на Виетнам.

„Веруваме дека жртвите се од Виетнам и во контакт сме со виетнамската влада“, наведе полицијата и додаде дека се во директен контакт со семејствата во Виетнам и во Велика Британија.

Во тек е идентификација на семејствата на некои од жртвите. Полицијата во Виетнам и во Ирска направи нови апсења како дел од истрагата. Двајца луѓе од Виетнам се уапсени како осомничени криумчари на кои луѓето кои им платиле за да бидат одведени во Англија. Соопштено е дека уапсените со години организирале криумчарење во таа област.

Телата беа пронајдени на 23 октомври во ладилник од камион во индустриска зона во местото Грејс, 40 километри источно од Лондон.

Полицијата првично изјави дека жртвите се од Кина, но фокусот се префрли во Виетнам откако повеќе семејства јавно реагираа дека не се слушнале со блиските кои биле на пат во тој период. Причината за смртта на луѓето сè уште не е позната.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here