Бред Пит конечно доби Оскар

0
117


Бред Пит го доби Оскарот за најдобар актер во споредна улога на 92. Доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука во Театарот Долби во Лос Анџелес.

Ова беше првиот Оскар доделен вечерва и прв во актерска категорија за Бред Пит, за неговата улога во „Once Upon a Time . . . in Hollywood“ на Квентин Тарантино.

Пит го доби Оскарот во исклучително силна конкуренција, што ѝ дава дополнителна тежина на оваа награда: Том Хенкс во „A Beautiful Day in the Neighborhood“, Ентони Хопкинс во „The Two Popes“, Џо Пеши и Ал Пачино, двајцата во „The Irishman“.

Досега имал седум номинации за Оскар и стана оскаровец кога филмот „12 Years a Slave“ во кој беше продуцент, освои Оскар за Најдобар филм.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here