Бред Пит без да се појави го украде шоуто на БАФТА 2020

0
112


Бред Пит ја освои наградата БАФТА за Најдобар актер во споредна улога за „Once Upon A Time… In Hollywood“, но не беше присутен на свеченоста во Лондон поради „семејни обврски“.

Физичкото отсуство не го спречи актерот да го украде шоуто. Откако Скарлет Јохансон го прогласи за добитник, наградата во негово име ја прими колешката од филмот на Квентин Тарантино, Марго Роби.

Во хумористичниот говор, Пит прво се пошегува за излезот на Велика Британија од ЕУ.

„Еј Британија, слушам пак си сингл – добредојде во клубот“, прочита Марго, на што целата сала во Royal Albert Hall прсна во смеа.

„Ти посакувам сѐ најдобро во постигнувањето на бракоразводната спогодба“, продолжува шегата на Пит.

Тоа не беше сѐ. На крај го „чепна“ и британското кралско семејство. Читајќи од однапред подготвениот говор на Пит, Роби ја крена наградата и рече:

„Ова ќе го вика Хари, бидејќи е многу возбуден бидејќи ќе го врати со него во САД“, што беше очигледно алудирање на повлекувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл од кралските должности и преселувањето од Британија.

Секако, сите веднаш погледнаа како на ова ќе реагираат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон кои седеа во публиката.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here