„Брадата“ им ја уништи тактиката на Рапторс, помина со скромни 23 поени

0
156


Четири натпревари се одиграа синоќа во програмата на НБА лигата, а најквалитетната се одржа во Торонто каде домаќините Рапторс изгубија од Хјустон Рокетс со 119:109.

Џејмс Харден беше изненадувањето на вечерта, но не во онаа смисла во која би очекувале.

Првиот шутер на НБА само 11 пати целеше на противничкиот кош, погоди седумпати и заврши со скромни 23 поени, 7 скока и 3 асистенции.

Овојпат славата им припадна на сите негови соиграчи подеднакво.

Се истакна Бен Меклемор кој оствари личен рекорд од 28 поени и 8 тројки. Расел Вестбрук запиша нов трипл-дабл учинок со 19 поени, 13 скока и 11 асистенции.

Честа на домаќините ја оправдаа Паскал Сиакам со 24 поени и 9 скока и Лаури со 19 поени.

Рапторс очигледно дојдоа со тактика да ги спречат налетите на „Брадата“, но тој скромно помина синоќа и ги остави соиграчите да блеснат и тимски да ја извојуваат победата.

Резултати од синоќа:

Вашингтон – Филаделфија 119:113

Њујорк – Денвер 92:129

Торонто – Хјустон 109:119

Њу Орлеанс – Феникс 132:139.

Источна конференција

http://kajgana.com/

Западна конференција

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here