Борусија без Алкасер против Барселона

0
119


Напаѓачот Пако Алкасер се повреди на синоќешниот натпревар на Борусија Дортмунд со Падерборн, и нема да игра во среда во Лигата на шампионите против неговиот некогашен клуб Барселона.

Шпанскиот фудбалер кога се повреди на теренот во Дортмунд, за време на мечот кој заврши 3:3, почна да плаче од мака што нема да може да настапи на гостувањето на „Камп Ноу“ во многу важниот меч за Борусија во ЛШ.

Засега нема официјална информација околу тежината на повредата, но според тоа колку Алкасер беше тажен, веројатно свесен е дека нема да може да игра в среда, а можеби му претстои и подолга пауза.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here