Борец ја изненади Академија Пандев, Вардар осамен на врвот

0
114


Во 12-тото коло во прволигашката конкуренција Вардар остана сам на врвот откако Академија Пандев се сопна во Велес.

Вардар синоќа со двата гола на Аврамовски го победи градскиот ривал Работнички и искористувајќи го големиот кикс на Академија Пандев сега е осамен на врвот.

Пандевци отпатуваа кај кандидатот за испаѓање, Борец, но се вратија без бодови. Со голот на Хрватот Прелчец на десет минути пред крајот велешани се радуваа на голема победа вредна важни три бода во борбата за опстанок.

Шкупи со гол во 90-та се спаси на гостувањето во Тетово кај Ренова изборувајќи се за бод. Силекс забележа минимална, но важна победа над директниот ривал за испаѓање, дебитантот во прволигашката конкуренција, Струга.

Резултати:

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс – Струга 1:0
Стрелци: 64′ Иван Ивановски
Судија: Ндерим Тефику (Куманово)

Стадион „Градски“ во Тетово
Ренова – Шкупи 2:2
Стрелци: 6′ Фисник Зука, 75′ Ненад Мишковски – 41′ Марин Јурина, 90′ Фатјон Јусуфи
Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП – Шкендија 0:0
Судија: Марјан Маркоски (Охрид)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Академија Пандев 1:0
Стрелци: 80′ Никола Прелчец
Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички – Вардар 0:2 (0:0)
Стрелци: 76′, 90’+3 Даниел Аврамовски
Судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Табела: Вардар 27, Академија Пандев 24, Шкупи 17, Македонија ЃП 17, Шкендија 15, Силекс 15, Струга 14, Ренова 14, Борец 14, Работнички 10.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here