„Бомбазо“ од Шпанија, ПСЖ нема пари за Мбапе, Реал го „краде“ Французинот!?

0
103
loading...

[ad_1]

Новинарот Пипе Естрада најави „бомбазо“ и можен трансфер на Килијан Мбапе на Сантијаго Бернабеу. Тој пренесе дека клучен датум е 27. август и наводно ПСЖ до тогаш треба на Монако да му искешира 180 милиони евра за во целост да го купи Французинот, кој минатата сезона на „Паркот на Принцовите“ настапуваше како позајмен.

Но ПСЖ е под лупа на УЕФА поради сомнеж дека ги има прекршено правилата за Финансиски фер плеј, и според „Ел Чирингито“, „Светците“ би можеле да не најдат пари за комплетирање на оваа зделка, со што ќе се отвори простор за Реал Мадрид да стигне до суперталентираниот напаѓач.

Сепак, треба да се напомене дека ПСЖ минатото лето кога го потврди ангажманот на Килијан Мбапе, соопшти дека позајмицата со опција за перманентен трансфер е до 30. јуни 2018. Исто така медиумите од Франција уште пред неколку месеци пренесоа дека оваа опција станала мандаторна кога ПСЖ обезбедил опстанок во Лиг 1, па ако „Светците“ немаат финансии за овој трансфер, играчот уште многу поодамна ќе се вратеше во Монако.

loading...

[ad_2]

Source link

loading...