Болоња во 90-та не ѝ дозволи на Фиорентина конечно да победи

0
76


На гостувањето кај ривалот Болоња екипата на Фиорентина во 90+ испушти шанса првпат по 7 натпревари да се израдува на победа.

Тимот на Синиша Михајловиќ за малку ќе ги разочараше своите навивали откако на „Ренато дал’Ара“ со гол длабоко во судиското надополнување се спаси од пораз на Дербито на Апенините кое не смее да се загуби, особено кога се игра дома.

Фиорентина поведе во 27-мата минута и тоа со волеј мајсторија на Марко Бенаси. Ова водство го чуваше сѐ до крајот.

Домашниот не искористи неколку шанси за израмнување и кога сите помислија дека Фиорентина конечно ќе се израдува на победа, на сцена стапи младиот Рикардо Орсолини кој во 94-тата минута погоди за 1:1.

Тимот од Фиренца веќе 8 натпревари во низа не знае за победа откако загуби од Каљари, Верона, Лече, Торино и Рома, а играше нерешено со Парма и Интер и сега Болоња.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here