Богенвил изгласа независност од Папуа Нова Гвинеја

0
129


На повидок е да никне нова држава во Пацификот откако на рефендумот признат од државата Папуа Нова Гвинеја граѓаните на автономниот регион Богенвил со огромно мнозинство изгласаа независност.

Референдумот траеше цели две недели, од 23 ноември до 7 декември, а денеска беа објавени конечните резултати. Од 206.731 гласачи со право на глас 98,31 проценти гласале за независност. Останатите гласови биле за другата опција која гарантира поголема автономија на Богенвил во рамките на Папуа Нова Гвинеја.

Референдумот, иако признат од владата на Папуа Нова Гвинеја, е необврзувачки па сега ќе отпочне процес на преговори помеѓу локалните власти на автономниот регион Богенвил и Папуа Нова Гвинеја.

http://kajgana.com/

Движењето за отцепување на Богенвил датира уште од 60-тите, а во 1975 година прогласиле Република Северни Соломони, но наредната година била приклучена кон Папуа Нова Гвинеја која пак станала независна од Австралија. Од 1988 до 1998 се водела граѓанска војна во која загинале околу 20 илјади луѓе, а причина била експлоатацијата на рудникот за бакар и злато Пангуна од страна на властите на Папуа Нова Гвинеја.

http://kajgana.com/

Во склоп на Богенвил спаѓа најголемиот истоимен остров, остробот Бука и неколку помали острови. Главен град е Бука, но се очекува Арава да стане престолнина на независен Богенвил. Народот е составен од локални атронезиски и полинезиски племиња, а лингва франка е јазикот наречен Ток Писин кој е всушност мутација на англиски со кој се разбираат граѓаните кои всушност зборуваат еден куп различни разици. Интересно, луѓето кои живеат во Богенвил важат за луѓе со најтемна боја на кожата на планетава.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here