Богатството на Путин: Погледнете ги најновите снимки од новото футуристичко оружје на руската армија

0
258
loading...

Објавени се нови видео снимки од најсовременото оружје кое што рускиот претседател Владимир Путин сензационално го претстави во март оваа година.

Руското министерство за одбрана објави нови снимки од најсовременото оружје кое што рускиот претседател Владимир Путин за прв пат го откри во март. Снимките ги прикажуваат новите тестирања и како што велат руските медиуми, даваат увид во развојниот процес на модерното оружје со кое што ќе располага руската армија.

Дел од футуристичкото оружје веќе е во употреба, а дизајнирано е за Русија да може да ја заплаши секоја сила која што ќе помисли да изврши агресија на земјата, тврдат руските воени аналитичари.

loading...

Меѓу претставеното оружје е хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“ кој што може да патува со брзина десет пати поголема од брзината на звукот. Воздухопловните единици овие хиперсонични ракети ги добија во декември минатата година и досега биле изведени летови на 350 мисии, при што футуристичката ракета била лансирана неколку пати.

Хиперсоничната ракета „Кинжал“ може да биде лансирана од авионот „МиГ-31“ и има ефективен домет од 2 илјади километри.

Уште еден хиперсоничен „новитет“ со кој што ќе располага руската армија исто така е прикажан на видеата, а тоа е ракетниот систем „Авангард“ кој што конечно започна да се произведува и наскоро ќе започнат напредните тестирања, по што ќе го добие руската армија.

loading...