Блокбастери кои со нетрпение ги очекуваме во 2020

0
138


Маверик се враќа на филмското платно, а франшизата за Џејмс Бонд слави јубилејно издание.

Изминатата 2019 беше добра филмска година во која беа срушени неколку рекорди, а најпопуларен филм убедливо беше оној кој се очекуваше со најголемо нетрпение – неверојатниот „Joker“ ја освои и публиката и критиката.

Веќе знаеме што може да очекуваме во 2020, а меѓу најавите се истакнуваат неколку потенцијални блокбастери на кои се работи веќе подолго време и очекувањата за нив се исклучително високи.

На нашата ТОП 5 листа на филмови кои ги очекуваме со големо нетрпение во 2020 година се најдоа следниве наслови:

5. No Time to Die

Процесот на создавање на јубилејниот 25-ти филм во франшизата за Џејмс Бонд се одолговлече и помина низ многу тешкотии – режисерот Дени Бојл се откажа, Даниел Крег заврши во болница, имаше експлозија на сет… Сепак, филмот конечно ќе пристигне следната година со Рами Малек во улогата на главниот негативец, а според тоа што можевме да го видиме од трелерот, нѐ очекува жестока акција, за последен пат со Крег како тајниот агент 007.

Премиера: 3 април, 2020

4. Fast & Furious 9

Уште едно продолжение од франшиза нѐ очекува во 2020 година. Вин Дизел се враќа во улогата на уличниот тркач Дом Торето, со сопругата Лети Ортиз (Мишел Родригез) и сестрата Миа (Џордана Брустер). Сепак, најревносно очекуваме да ја видиме Шарлиз Терон во улогата на сајбер-терористката Сајфер.

Премиера: 21 мај, 2020

3. Tenet

Кристофер Нолан работеше без ограничувања на најновиот проект во кој повторно се впушта во најдлабоките сфери на умот, во стилот на Inception/Memento/Interstellar и судејќи по трејлерите, нѐ очекува опасно возење. Интригантната приказна е доволна сама по себе, но возбудливата актерска екипа (Џон Дејвид Вашингтон, Мајкл Кејн, Кенет Брана и Роберт Патинсон) е причина повеќе со нетрпение да го чекаме овој филм.

Премиера: 16 јули

2. Godzilla vs Kong

Сме гледале филмови за Годзила и филмови за Кинг Конг, но сега за првпат двата филмски џинови се спојуваат во еден блокбастер во продукција на Legendary Entertainment. Режисерот Адам Вингард ветува авантура во која „двете најмоќни сили на природата ќе се судрат во спектакуларна битка“. Иако очекувањата не ни се на високо ниво за квалитетот на приказната, сепак одвај чекаме да го гледаме овој филм, ако ништо друго заради специјалните ефекти.

Премиера: 11 март, 2020

http://kajgana.com/

1. Top Gun: Maverick

Ок, како деца кои израснаа со Top Gun моравме да го ставиме враќањето на Том Круз во улогата на Маверик на првото место. Поминаа 33 години од премиерата на култниот акционен филм „Top Gun“ што го прослави Круз во улогата младиот морнарички пилот, а холивудскиот актер сега се враќа во пилотската кабина во продолжението „Top Gun: Maverick“. Од трејлерот дознавме дека Маверик е „последниот од својот вид“, а во актерската екипа на Круз му се придружуваат Џенифер Конели, Џон Хем, Вал Килмер, Мелиса Телер, Глен Пауел и многу други. Да, овој филм одиме да го гледаме екипно!

Премиера: 26 јуни, 2020





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here