Бистата на Роналдо беше бизарна? Бекам не можеше да поверува што гледа кога му ја покажаа неговата статуа (ВИДЕО)

0
128
loading...

Дејвид Бекам беше мета на урнебесна скриена камера, Англичанецот не можеше да поверува што гледа кога му ја покажа статуата која наводно треба да стои пред стадионот на ЛА Галакси.

Дејвид Бекам стана првиот играч кој добил статуа во МЛС, кога на почетокот од овој месец пред стадионот на ЛА Галакси беше поставено уметничкото дело во чест на Англичанецот.

Па овој настан беше искористен од страна на комичарот Џејмс Корден за урнебесена скриена камера. Водителот на „Лејт лејт најт шоу“ за оваа пригода специјално направи нова статуа која воопшто не личи на поранешниот фудбалер на ЛА Галакси, ПСЖ, Милан, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Па кога Дејвид Бекам дојде во Лос Анџелес да го види делото пред тоа официјално да биде откриено за јавноста, легендарниот фудбалер не можеше да поверува што гледа. Тој беше толку многу разочаран што во еден момент побара камерите (кои мислеше дека се од ТВ каналот на Галакси) да престанат да снимаат.

loading...

„Нема шанси да го поставиме ова пред стадионот! Ќе дојдат моите родители од Лондон, ќе дојде мојата сопруга. Погледни колку долги ми се рацете“ – вели Бекам.

„За среќа нема да дојдат моите деца. Ако моите деца го видат ова, искрено мислам дека ќе почнат да плачат. Не сакам да ве навредам, но ова е навистина голема работа за мене“.

Потоа почна да се разговара за можни измени и преправки а кулминацијата се случи кога виљушкарот во обид да ја премести статуата ја преврте и ја искрши. По ова, Бекам му се обрати на возачот и му кажа: „Веројатно ми направи голема услуга“.

loading...