Бил Гејтс повторно најбогат според Forbes

0
106


Њујорк, 27 октомври 2019 (МИА) – Основачот и извршен директор на Amazon Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот за време на послепладневното тргување во четвртокот, а на негово место повторно дојде ко-основачот на Microsoft Бил Гејтс.

Акциите на Amazon паднаа за 7 проценти, со што богатството на Безос се намали на 103,9 милијарди американски долари. Ова го стави на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.

Нов број еден е ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.

Бил Гејтс дебитираше на првата листа на милијардери на Forbes во 1987 година со нето вредност од 1,25 милијарди долари. Безос првпат се приклучи на листата на Forbes на 400 најбогати Американци во 1998 година, една година откако Amazon излезе во јавноста, со нето вредност од 1,6 милијарди долари.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here