Билјана Дебарлиева: Со сопругот останавме сами, децата се тргнаа од нас

0
102


Македонската презентерка, Билјана Дебарлиева и нејзиниот сопруг Јован, прославија 25 години брак, а нивната прослава ја овековечија со фотографија, која ја објавија на социјалните мрежи.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа сподели интересни ситуации од нивната младост и истакна:

– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам момче – кажа Дебарлиева за „Бекстејџ“.

Таа додаде и дека нивните деца се сега веќе самостојни и чекорат по својот пат.

– Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор…- кажа Дебарлиева.

Дебарлиева е горда мајка на Ана, која е економист, и Мики, кој има 14 години. Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here