„Бејби-бум“ во скопската Зоолошка градина

0
43


И додека Зоолошката градина Скопје сè уште е затворена за посетители, интересно е тоа што во неа изминативе недели има вистински бејби-бум.

Во зоолошката се роди кенгурче, кое полека почна да излегува од торбата на мама Пикси, каде ќе мине од неколку месеци до година и половина. Ова е најновата вест од скопската зоолошка.

Но, тоа не е сè. Зоолошката на Facebook објави дека е родено и ново пони коњче, со ѕвезден белег.

Принова има и кај гуските, објавено е и видео од мало гибонче како ги вежба првите самостојни чекори, но во снимката се слуша и познатото пеење на гибоните.

Во Зоолошката се родија и преслатки мини прасиња.

Засега се чека одлука кога ќе биде отворена Зоолошката за посетители, па за најновите информации може да дознаеме од официјалниот Facebook профил Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here