Бесплатно преземете ја Star Citizen и истражете го универзумот

0
21


Вложените пари во развојот на видеоиграта Star Citizen ги рушат сите рекорди, а исто така и кампањата ги пробива сите рокови, бидејќи упорно се одложува.

Иако играта сè уште е далеку од готова, девелоперот Cloud Imperium одлучи да им овозможи на заинтересираните играчи бесплатно да го пробаат ова „чудо од видеоигра“.

По повод настанот Intergalactic Aerospace Expo, Star Citizen ќе биде бесплатна за преземање до 2 декември. За време на промотивниот период, во оваа ММО игра ќе може да „летате“ со над 100 вселенски бродови, а новите играчи ќе можат да уживаат во презентацијата на нови летала, оружја и оклопи што се во фаза на изработка.

Иако е недовршена, видеоиграта нуди гејмплеј што влече корени од вселенските симулации, а истовремено пружа солиден графички квалитет со MMO елементи. Бројните планети со градови и пејзажи што ги нудат се достапни за истражување благодарение на процедуралното генерирање.

ТУКА можете бесплатно да ја преземете Star Citizen.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here