Белоти царуваше во Рим | Кајгана

0
114


Торино триумфално го напушти Рим откако со головите на Андреа Белоти славеше над „Волчицата“.

Големо изненадување во првото коло од новата година се случи синоќа во Калчолигата. Тимот на Торино успеа со 2:0 да слави среде „Олимпико“ нанесувајќи ѝ го вториот домашен пораз на Рома. Римјаните претходно со истиот резултат имаа загубено од Аталанта.

Откако прво ја погоди стативата и еднаш Пау Лопес му одбрани еден удар, Белоти во третиот обид беше незапирлив упатувајќи вистинска бомба и тоа во втората минута од судиското надополнување на првиот дел. Домаќините во првите 45 минути се заканија само двапати и тоа преку Александар Коларов, а вториот пат беше од слободен удар.

http://kajgana.com/

После паузата Белоти повторно имаше одлична шанса, Лопес одбрани и топката заврши во пречката. На спротивната страна домаќините немаа решение за Салваторе Сиригу кој ги одбрани малкуте прецизни удари.

Печат на победата стави Белоти во 86-тата минута од белата точка откако Крис Смолинг играше со рака во казнениот простор.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here