Белорусија и Германија со убедливи победи го отворија ЕУРО

0
111


Ракометарите на Белорусија и Германија славеа над Србија и Холандија и тоа со убедливи победи со што Европското првенство за мажи се отвори.

Србите и Холанѓаните парираа само едно полувреме губејќи со 1 односно 2 гола разлика, но после паузата Белорусите и Германците ги ставија натпреварите под контрола и на крајот забележаа убедливи победи од 5 односно 11 голови разлика.

Арцјом Каралек со 9 голови нбеше незапирлив за Србите, додека дванаесет различни германски ракометари го полнеа голот на Холандија.

Група А
Белорусија – Србија 35:30

Група Ц
Германија – Холандија 34:23

Од 20 часот и 30 минути се играа другите два натпревара од овие групи, а се среќаваат Хрватска – Црна гора и Шпанија – Латвија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here