Бекер: Тенисот нема да заврши по Федерер, Надал и Ѓоковиќ

0
115


Мелбурн, 25 декември 2019 (МИА) – Тенисот нема да заврши откако ќе се повлечат трите великани – Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Ова го изјави поранешниот број 1 на светската ранг-листа – Борис Бекер, кој тврди дека новата генерација „тропа на вратата“ и е подготвена да го заземе местото на „големата тројка“.

– Секогаш кога ќе дојде крајот на една шампионска ера, мислиме дека доаѓа крајот на тенисот. Но, тоа не е затоа што доаѓа нова генерација. Така беше и со мојата генерација, потоа со Андре Агаси и Пит Сампрас. Сега нашироко се смета дека сè ќе заврши по Федерер, Надал и Ѓоковиќ, но тоа никогаш нема да се случи. Имаме фантастични млади играчи, возбудливи играчи кои ќе бидат иднината на тенисот. Меѓу нив се и Зверев, се разбира, Доминик Тим. Де Минор и Шаповалов се тука, и сакам да ве потсетам на Кириос, кој исто така има огромен потенцијал, изјави германската легенда.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here