Барселона ги одложи изборите за претседател

0
8


Каталонскиот гигант нема да добие нов борд на директори месецов бидејќи клубот одлучи да ги одложи претстојните избори поради ситуацијата со пандемијата во Шпанија.

Коронавирусот ја натера Барселона да ги одложи претседателските избори закажани за 24 јануари. Поради рестрицкиите воведени за заштита на јавното здравје, клубот се реши на ваков чекор, а нов датум засега не е одреден.

„Овој петок, 15 јануари, каталонската Влада и клубот Барселона одржаа витуелен работен состанок со тема одржување на изборите за претседател и за борд на директори на спортскиот колектив, а во врска со COVID-19 пандемијата“, објави клубот.

„На овој состанок Владата стави дознаење дека поради моменталната епидемиолошка ситуација не може да им се дозволи на одредени членови кои се надвор од општината да патуваат до тука за да гласаат на 24 јануари. Поради ова, клубот одлучи да ги одложи изборите“.

Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фрејша се тројцата финални кандидати помеѓу кои треба да се избере нов претседател. Засега за главен фаворит важи актуелниот претседател Лапорта.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here