Баерн победи, без голови на Рурското дерби

0
106


Потешко од очекуваното Баварците го совладаа Унион Берлин и останаа на врвот, додека немаше голови на големото дерби помеѓу Шалке и Борусија од Дортмунд.

Со головите на Бенжамин Павар во 13-тата и на Роберт Левандовски во 53-тата минута, Баерн прокнижи нови три бода. Гостите од Берлин во 58-мата минута промашија пенал преку Себастијан Андерсон, а на четири минути пред крајот ја вратија неизвесноста откако овој пат Зебастијан Полтер беше успешен од белата точка.

Рурското дерби кое се играше во Гелзенкирхен заврши без победник и без голови. Двете страни имаа шанси за погодок, но ниту Шалке ниту Борусија не успеаја да ја затресат противничката мрежа. Домаќинот погодуваше пречка и статива, а Раби Матондо двапати не постигна гол еден на еден со гостинскиот голман.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here