Баерн не го дава врвот, Борусија го понижи Шалке

0
39


Конечно викендов продолжи едно од најдобрите првенства на светот, иако без спектакулрни прослави на головите и пред празни трибини.

Натпреварот кој го одбележа првото коло по непланираната пауза поради пандемијата со коронавирусот беше дефинитивно Рурското дерби помеѓу лутите ривали Борусија и Шалке 04. По 156-ти пат силите ги одмерија овие два тима, иако во доста необични услови. Домаќинот многу полесно од очекувањата славеше победа и тоа убедлива со дури 4:0. Чудото Холанд ја отвори серијата, а потоа Герејру на двапати и Азар еднаш ја наполнија мрежата на гостинот од Гелзенкирхен.

Со оваа победа Борусија се доближи на бод од лидерот Баерн, но тоа траеше само 24 часа бидејќи наредниот ден „Баварците“ славеа рутинска победа во Берлин кај Унион и ја вратија разликата од +4. Левандовски од пенал пред паузата го скрши отпорот на домашните откако Невен Суботиќ крајно наивно го фаулираше Леон Горецка. Французинот Павар на десет минути до крајот ја завери победата.

Резултати:

Аугсбург – Волфсбург 1:2
54′ Тин Једвај – 43′ Ренато Штефен, 90’+1 Даниел Гинчек

Борусија (Д) – Шалке 04 4:0
19′ Ерлинг Холанд, 45′, 63′ Рафаел Герејру, 48′ Торган Азар

Фортуна – Падерборн 0:0

Хофенхајм – Херта 0:3
58′ (аг) Кевин Акпогума, 60′ Ведад Ибишевиќ, 74′ Матеус Куња

Лајпциг – Фрајбург 1:1
77′ Јусуф Поулсен – 34′ Мануел Гулде

Ајтрахт – Борусија (М) 1:3
81′ Андре Силва – 1′ Аласан Плеа, 7′ Маркус Тјурам, 73′ (п) Рами Бенсебаини

Келн – Маинц 05 2:2
6′ (п) Марк Ут, 53′ Флоријан Каинц – 61′ Таиуо Ауонији, 72′ Пјер Кунде Малонг

Унион – Баерн 0:2
40′ (п) Роберт Левандовски, 80′ Бенжаман Павар

Денес, 20.30:
Вердер – Баер Леверкузен





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here