АХВ: Нов случај на африканска свинска чума во Бугарија, да се почитуваат заштитните мерки

0
92


Скопје, 25 декември 2019 (МИА) – По новиот случај на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград, Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти е пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) на 17 овој месец,  Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да ги почитуваат донесените решија за спроведување заштитни мерки.

-Граѓаните од пограничните региони со Бугарија и ловните друштва, до најблиското ветеринарно друштво или до официјален ветеринар задолжително да пријават доколку забележат угината дива свиња, бидејќи преку труповите во кои вирусот опстојува долго време, можно е ширење на болеста меѓу популацијата диви свињи. Концесионерите на ловишта да продолжат да спроведуваат засилен надзор во ловиштата и санитарен отстрел, со земање мостри за испитување присуство на болеста од секоја застрелана свиња, апелира Агенцијата.

Според АХВ, лицата кои биле на лов и имале контакт со диви свињи не смеат да имаат контакт со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

-Одгледувачите на свињи во селските домаќинства да ги одржуваат и развиваат биосигурносните мерки на фармите. Свињите да се чуваат затворени, да се води евиденција за нивно движење и да се ограничи пристапот на лица и/или возила на фармите. Неопходно е да се преземаат мерки за чистење и дезинфекција на објектите, опремата и возилата и контрола на штетниците и векторите на фармите. Свињите да не се хранат со помии, односно кујнскиот отпад треба задолжително и нештетно да се уништи. За секое движење, животните треба да се придружени со валиден сертификат за нивната здравствена состојба. Превозните средства треба да се исчистат и дезинфицираат пред да се натоварат или истоварат животните. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни на болеста кои немаат познат здравствен статус, потсетува Агенцијата.

АХВ апелира и свежото месо, подготовките од месо и производите од месо, како и нус – производите да не доаѓаат во контакт со приемчивите животни, засилена контрола на документацијата да се врши на добиточните пазари и собирните центри, а строго е забрането и продавање животни надвор од добиточните пазари. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here