Играчот од средниот ред на Барселона Иван Ракитиќ би можело да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид.
Според „Mувистар +“, раководството на Атлетико Мадрид е подготвено да го купи хрватскиот репрезентативец во јануари за 40 милиони евра.
Ракитиќ размислува за различни опции во кариерата поради неговата мала минутажа во Барса.
Триесет и едногодишниот играч од средниот ред играше на седум натпревари од Ла Лига оваа сезона, но нема поминато ни 90 минути на теренот.