Атланта по две продолженија го совлада Њујорк

0
92


Крајно незивесен натпревар одиграа кошаркарите на Хокс и Никс каде победникот беше решен дури по две продолженија.

Во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта публиката беше сведок на тешка и изедначена борба помеѓу нивниот омилен тим и гостите од Њујорк. Регуларниот дел заврши 116:116 откако Никс во последните моменти успеаја да ја надокнадат разликата од 4 разлика.

Треј Јанг беше најефикасен со 48 поени, а запиша и 13 асистенции. Кај гостите најмногу се истакна Џулиус Рендл со 35 поени и 18 скокови, а 32 поена и 16 скокови забележа и Џон Колинс.

Никс со овој пораз ја прекинаа серијата од 4 последователни победи која малку ги крена од дното на Истокот каде претпоследни се Хокс со скор од 19-39.

Резултати:
Оклахома Сити Тандер – Бостон Селтикс 111:112
Атланта Хокс – Њујорк Никс 140:135
(прод.)
Филаделфија 76-ерс – Чикаго Булс 118:111
Вашингтон Визардс – Мемфис Гризлис 99:106
Хјустон Рокитс – Јута Џез 113:114
Кливленд Кавалирс – Лос Анџелес Клиперс 92:133
Портланд Треил Блејзерс – Мајами Хит 115:109





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here