Атиџе со екипата на „Медена земја“ пристигна на оскаровскиот црвен тепих

0
98


Екипата на „Медена земја“ заедно со ѕвездата на документарецот, Атиџе Муратова, пристигна на црвениот тепиџ пред Театарот Долби во Лос Анџелес за доделувањето на Оскарите.

„Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории – Најдобар документарец и Најдобар странски филм.

Дизајнерката Тања Кокев на својот Facebook профил им посака среќа на „медењаците“:

„Со нетрпение го очекувам црвениот килим и мојата омилена Атиџе во (креација на) Кокев. Ви благодарам на безрезервната доверба медењаци што ми дозволивте да ве стокмам.

Тамара Котевска сепак се одлучи за дизајн, кој не е креација на Кокев.

Ви ја посакувам сета среќа на светов и вратете ни се со Оскар“, напиша македонската дизајнерка.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here