Аталанта триумфално и низ Фиренца

0
119


Тимот од Бергамо оствари победа и тоа со пресврт на незгодното гостување кај Фиорентина на „Артемио Франки“.

„Виола“ прва поведе откако Федерико Кјеза во 32. минута упати одличен удар од дваесетина метри кој беше неодбранлив за Пјерлуиџи Голини.

Гостинските фудбалери израмнија само 4 минути по паузата и тоа преку Дуван Запата кој ја затресе мрежата по акцијата на Јосип Иличиќ и Папу Гомес.

Популарната „Деа“ направи комплетен пресврт со голот на Руслан Малиновскиј во 72. минута. Украинецот се прошета до домашниот казнен простор упатувајќи силен и прецизен удар, сличен на оној на домаќините.

За Фиорентина ова е втор последователен пораз откако минатото коло загуби со 3:0 кај Јувентус. Аталанта со овие три бода се одлепи на плус 3 од Рома во борбата за четвртото место.

Воедно, ова беше и одмазда на Аталанта за елиминацијата од Копа Италија од страна на токму Фиорентина.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here