Аталанта со петарда го понижи Милан

0
103


Милан ја прекина серијата од четири натпревари без пораз откако беше торпедиран во Бергамо од страна на Аталанта.

Лош крај на годината за „Росонерите“. На гостувањето во Бергамо, град кој се наоѓа во околината на Милано, Милан беше преслушан и понижен од Аталанта која сега изби на петтото место и најавува нова борба за пласман во Лигата на шампиони.

Уште во 10-тата минута „Деа“ го отвори резултатот преку Алехандро Гомес. Иако Аталанта доминираше во првиот дел не успеа да постигне втор гол, а Милан дури и го заврши полувремето без ниту еден шут во рамките на домашниот гол.

Во вториот дел разиграната Аталанта ја наполни мрежата на тимот на Стефано Пиоли кој изгледа со овој пораз наскоро би можел да добие отказ.

Марио Пашалиќ во 61-вата, Јосип Иличиќ во 63-тата и 72-рата и Луис Муриел во 83-тата беа стрелци за домаќините.

Осми пораз за Милан сезонава кој останува на 21 бод, а до комплетирањето на колото ризикува да падне во вториот дел од табелата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here