Аталанта и Јуве брилијантни, Милан заринка и со Ибра

0
102


По пет односно четири парчиња им сервираа Аталанта и Јувентус на нивните противници, додека Милан ни со Ибрахимовиќ не успеа да ѝ даде гол на Сампдорија.

Аталанта како ја заврши 2019 така ја почна 2020, со петарда. По Милан, сега гневот на богињата Деа го осети недолжната Парма. „Нераѕурите“ од Бергамо уште на полувреме ја завршија работата со головите на Папу Гомес, Ремо Фројлер и Робин Госенс. Во вториот дел на сцена стапи словенечкиот репрезентативец Јосип Иличиќ постигнувајќи два гола.

ХАЈЛАЈТС

Каљари 49 минути оддолеваше во Торино кај Јувентус, но нивниот отпор го скрши, кој друг ако не, Кристијано Роналдо. Португалецот потоа од пенал зголеми на 2:0, а до крајот прослави и хет-трик. Во меѓувреме во листата на стрелците се запиша и Гонсало Игуаин.

ХАЈЛАЈТС

Милан ги разочара илјадниците навивачи кои дојдоа да го видат враќањето на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот почна од клупата и во игра влезе во 55-тата минута на местото на заспаниот голгетер Кжиштоф Пјонтек.

http://kajgana.com/

Ниту големиот Ибра не успеа да го разбуди Милан бидејќи десетината удари кон голот на Сампдорија завршуваа добро одбранети од Емил Аудеро.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here