Астролозите откриваат што нè очекува од јануари 2020 година

0
117


Од јануари месец 2020 година, влегуваме во целосна доминација од знакот на Јарец – во него се наоѓаат Сонцето, Меркур, Јупитер, Сатурн и Плутон. Венера е во знакот на Водолија, Месечината и Нептун се во знакот на Риби. Уран е ретрограден во знакот на Бик, а Марс се наоѓа во знакот на Скорпија.

Првиот поважен настан во јануари е преминување на Марс во знакот на Стрелец, што се случува токму денес. Бидејќи Марс ја претставува нашата енергија и иницијатива – во наредниот период ќе функционираме со поголем оптимизам, ентузијазам и отвореност, ќе сакаме да освоиме „нови територии“, ќе ни се засили желбата за движење и дејствување.


На 10-ти јануари, ќе има полна Месечина и затемнување во знакот на Рак. Ова е прва од шесте затемнувања на Месечината и Сонцето што нè очекуваат во 2020 година што во суштина ги најавува големите пресврти и новата фаза која нè очекува. Како и секогаш во деновите кога има полна Месечина, можно е зголемување на вознемиреноста и напнатоста и деновите не се поволни за донесување важни одлуки. Емотивно, можеме да се чувствуваме лошо, истрошено и незадоволно и треба да посветиме внимание на семејните односи бидејќи тие може да бидат извор за конфликт. Можни се проблеми со родителите или загриженост заради нив.

Следниот ден, Уран ќе биде во знакот на Бик и започнува директна транзиција. Тоа е планета на пресврти, револуции, промени, непредвидливи и неочекувани настани, но и планета на стресот и немирот кои ќе ги зачинат јануарските денови. Желбата за промена ќе расте во наредниот период.

На 13 јануари, Венера се придвижува во Риби. Тоа ќе донесе многу тајни, многу скриени љубовни случувања, засилена романса и идеализам.

На 16 јануари Меркур ќе биде во знакот на Водолија, а од 20 јануари ќе биде во знакот на Сонцето, па тогаш ќе дојде време за нови идеи, за креативност, за зголемени дружби и контакти, за проширување на кругот на пријатели и познаници.

Ноќта помеѓу 24-ти и на 25-ти јануари, ќе има млада Месечина во знакот на Сонце.

Како што можете да видите, јануари е во суштина месец без некои поголеми настани. Празничното расположение ќе го „обои“ овој месец со убава и прилично стабилна енергија.

Марс ќе ни донесе подобра енергија, а Венера, повеќе љубов и позитивно внатрешно чувство на стабилност поради планетите кои ќе бидат во знакот на Јарец. Се чини дека почетокот на оваа година е многу ветувачки. И покрај релаксирачкиот старт, 2020 година ќе донесе и многу непријатности, велат астролозите. Но, за нив ќе информираат кога ќе дојде време.

Дотогаш – уживајте во убавите јануарски денови. На сите ни треба релаксација – да се одмориме и да ги наполниме батериите за време на празниците.

Можеби сакате да прочитате што велат нумеролозите и астролозите: кој датум е најдобар за венчавка во 2020 година?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here