Арсенал ја прокоцка победата во 91. минута

0
96


Арсенал ја прокоцка победата во 91. минута на гостувањето кај Виторија (Гимараеш) во натпревар од групата „Ф“ од Лигата на Европа.

Натпреварот заврши 1-1, а „Топџиите“ веќе немаат победа во четврти последователен натпревар на сите турнири.

Избраниците на Унаи Емери имаа само еден удар во рамките на голот и го реализираа во 80-тата минута преку Шкодран Мустафи.

Сепак, Португалците заслужено израмнија на дополнителното време по феноменалните ножици на Бруно Дуарте.

Неколку секунди подоцна гредата го спаси Арсенал, а истото се случи и на почетокот на натпреварот.

http://kajgana.com/

На крајот на краиштата, Арсенал продолжува да ја предводи групата со 10 бода и е фаворит да помине во следната фаза. Виторија е последна со 1 поен.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here