Армстронг видел вонземјани, НАСА го цензурирала: “Нивните бродови се посупериорни во однос на нашите”

0
224
loading...

Астронаутот Нил Армстронг упатил порака до главниот центар на НАСА дека се набљудувани од страна на два големи, таинствени објекти откако слетале на Месечината, укажуваат тајните извештаи за комуникацијата помеѓу НАСА и астронаутите.

Интересните детали за тоа со што астронаутите се соочиле на Месечината потекнуваат од интервју помеѓу неименуван професор и Нил Армстронг кое настанало на еден НАСА симпозиум.

Во интервјуто, професорот го испитувал Армстонг што точно се случило, на што астронаутот му одговорил:

“Беше неверојатно…секако, отсекогаш знаевме дека постои можност… факт е дека бевме предупредени”.

loading...

На прашањето што подразбира под тоа дека “биле предупредени”, Нил одговорил:

“Не смеам да навлегувам во детали, но можам да кажам дека нивните бродови се далеку посупериорни во однос на нашите, и по големина и по технологија. Беа големи и заканувачки”, додал тој.

Во тајните извештаи, како што изјавил физичарот и професор по математика на универзитетот во Москва – Владимир Ажажа, постојат многу интервјуа и документи кои укажуваат дека астронаутите од “Aполо” всушност се соочиле со вонземски битија и НЛО кога ја истражувале површината на Месечината.

“Нил Амстронг пренел порака за време на мисијата дека се набљудувани од страна на два големи, таинствени објекти откако слетале на Месечината, но неговата порака никогаш не се слушна бидејќи НАСА го цензурирала”.

Според зборовите на бројни извори, Армстронг тврдел дека вонземјаните биле присутни на Месечината, а многу истражувачи на НЛО тврдат и дека се снимени чудни структури и градби кои биле пријавени до контролата на мисијата, која намерно ги цензурирала овие информации со цел да спречи хаос и паника помеѓу жителите на планетата Земја.
loading...