Анчелоти најави дека Елмас ќе биде стартер против Милан

0
150


Неапол, 23 ноември 2019 (МИА) – На вечерашниот натпревар од италијанското фудбалско првенство помеѓу Милан и Наполи, во почетниот состав на гостите од Неапол ќе биде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Дуелот на „Сан Сиро“ е еден од најинтересните во 13-тото коло на Серија А, бидејќи на двата тима им треба победата. Наполи веќе на пет меча во сите натпреварувања не знае за победа.

Најавите се дека Елмас ќе игра на десната страна во средниот ред, нешто како десно крило, на местото на Шпанецот Калјехон, а друштво во средината ќе му прават Алан, Зјелински и Фабиан Руиз, додека напред ќе бидат Мертенс и Инсиње. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here