Антибрегзит протести во Лондон | Кајгана

0
121


Десетици илјади граѓани денеска излегоа на улиците во Лондон барајќи нов референдум за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија.

Протестите се одржуваат додека во Парламентот се води дебата за новиот договор за Брегзит, што премиерот Борис Џонсон го постигна со Брисел.

Демонстрантите од центарот на Лондон се упатија кон Парламентот.

Џејмс Макгрори, директорот на кампањата Глас на народот, која ги организираше протестите, истакна дека Владата мора да го смири бесот на проевропејците и да организира нов референдум за членството на земјата во ЕУ.

– Овој нов договор не одговара на тоа што им беше ветено на луѓето, така што единствено исправно е да добијат втора шанса за да се изјаснат, посочи Макгрори.

На референдумов во 2016 година, 17,4 милиони граѓани на Велика Британија односно 52 отсто поддржаа излегување на земјата од ЕУ, додека 16,1 милиони луѓе (48 проценти) беа против.

http://kajgana.com/

Од јули 2017 година до денес изработени се 226 анкети, а во 204 испитувања на јавното мислење мнозинството граѓани се изјаснија за останување во ЕУ, а во седум за Брегзит. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here