Екипата на Милан го победи Удинезе во натпреварот од 20. коло на италијанската Серија А со резултат од 3:2.
Удинезе многу поодобро го отвори мечот и веќе во шестата минута гостите беа во водство. Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума направи лоша проценка, потег кој го искористи Ларсен и погоди за 1:0.
До полувремето Милан имаше две прилики, но Ибрахимовиќ и Леао не беа презицни, па на пауза заминаа со минимална предност на гостите.
Веќе во првата минута од второто полувреме Лазања имаше голема прилика за Удинезе, но Донарума фантастично реагираше и одбрани.
Набрзо потоа следеше изедначувањето – Анте Ребиќ влезе од клупа и погоди за првпат откако го носи дресот на Милан.
Потоа Удинезе имаше уште една прилика, но Донарума беше одличен пред голот, а во 71. минута Тео Ернандез со петтиот гол во сезоната им донесе големо славје на навивачите на Сан Сиро и го круниса пресвртот на „росонерите“.
Милан оттука веќе имаше целосна контрола врз играта, Ибрахимовиќ пропушти две убави шанси и во 85-та минута стигна казната на другата страна – Лазања со глава погоди за 2:2.
Херој на мечот се покажа Ребиќ ккој во последната минута го постигна вториот погодок за голема победа на „росонерите“ и еуфорија на трибините на Сан Сиро.