Англија и Шкотска се поврзаа со велосипедска патека долга 1.300 км

0
104


Во Велика Британија свечено беше пуштена во употреба велосипедската патека долга 1.300 километри која ги спојува Англија и Шкотска. Станува збор за патека која води низ шуми и ридови и која нуди живописна авантура на точакољупците.

Патеката се вика Great North Trail и минува низ Пик, Јоркшир Дајлс и шумата Килдер во Англија, потоа оди према Лох Ломонд, националниот парк Тросахс и Лох Нес во Шкотска. Тоа се некои од најубавите предели на островот Велика Британија.

Во Шкотска патеката се двои, велосипедистите можат да се упатат кон ‘ртот Рат кој е на крајниот северозапад или пак кон Џон о’ Гротс на североистокот.

https://kajgana.com/

Патекава во главно го следи главниот автомобилски пат низ шумите како и помалите патишта на кои нема многу сообраќај. Дизајниран е како авантуристичка ридска велосипетска патека. Наместа може да биде предизвик и за најискусните велосипедисти, но во близина минува железница која на недоволно спремните велосипедисти им нуди алтернативен превоз.

Според податоците на WeForum, околу 12 посто од возрасното население на Островот употребува велосипед барем еднаш неделно. Обединетото Кралство вложува многу во развојот на велосипедизмот и патеките со оглед на тоа што научно е докажано дека оваа спортска активност допринесува за општото здравје на луѓето, а носи и економски предности.

https://kajgana.com/

https://kajgana.com/

https://kajgana.com/

https://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here