Американците направија лек кој го успорува текот на Алцхајмеровата болест

0
113


Американската фармацевстка компанија тврди дека го направи првиот лек кој може да ја успори Алцхајмеровата болест и најавува дека лекот наскоро ќе биде достапен на пазарот.

Моментално не постојат таблети кои ја стопираат прогресијата на болеста.

Компанијата Биоген вели дека во САД ќе се бара регулаторно одобрување за својот револуционарен лек кој се вика Aducanumab. Од Биоген најавуваат дека планираат да ја достават документацијата на почетокот на 2020 година, а постојат назнаки дека лекот ќе биде достапен и за европскиот пазар

Процесот на одобрување на лекот може да трае година или две. Доколку не наиде на пречки, компанијата има за цел да им го понуди лекот на пациентите кои претходно се запишале на клиничките истражувања.

Оваа најава е изненадувачка затоа што компанијата во март оваа година прекина со производство на лекот по разочарувачките резултати од истражувањето.

Меѓутоа, од компанијата велат дека нивните нови анализи покажуваат дека поголема доза на лекот Aducanumab е од значајна корист за пациентите во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Овој лек им помага на пациентите да ја сочуваат меморијата и секојдневните животни вештини.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here