Американскиот воен авион X-37B слета на NASA Kennedy Space Centar, по две години од полетувањето. Воениот авион го сруши рекордот на најдолг лет во вселената.
X-37B е безпилотен авион кој со својот изглед потсетува на Space Shuttle, а е дизајниран да го издржи летот од 240 дена.
Сепак, во секоја од пробните мисии X-37B ги надмиваше очекувањата.
Околу седум часот по средноевропско време слета по 780 дена поминати во орбитата на Земјата, со што го собори претходниот рекорд од 7 мај 2017 година.
Изгледот на X-37B не е случаен. Проектот започна со идејата на НАСА да го замени Space Shuttle со авион кој е сигурен и издржлив. Американската војска го презеде авионот и го обви со вел од мистерии.
Има бројни шпекулации за овој авион, а една смета дека поставувале шпиунски сателити во орбитата на Земјата.
Ова може да биде и вистина, затоа што во соопштението за јавноста се споменува дека при тестирањето носеле мали сателити.
X-37B е лансиран со помош на ракета на приватната компанија SpaceX на 7. септември 2017 година.
Наредната мисија е планирана за 2020 година.
Што точно правел авионот во вселената останува тајна на американската војска.