Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

0
12


Бил Гејтс мисли дека е Бог, дека го контролира Сончевиот Систем. Сака да ги рефлектира сончевите зраци и на тој начин да го спречи глобалното затоплување, вели водителот на американската телевизија Fox News, Taкер Карлсон.

Неговиот соговорник Мајкл Шеленбергер рече дека со тоа Гејтс може да предизвика „нуклеарна зима“.

Карлсон наведе дека последиците на експериментот кој го финансира Гејтс можат да бидат катастрофални за целиот свет.

– Бил Гејтс не е Бог. Тој е чуден, богат човек кој живее во Сиетл. Тој не ја поседува нашата планета, но се осудува да ја менува. Според Forbes, Френк Куч е главниот истражувач на неговиот проект и цитирам „не знае какви ќе бидат резултатите“. Ајде да експериментираме со светот, па ќе видиме што ќе се случи, вели Такер.

Неговиот соговорник, новинар и писател Мајкл Шеленбергер рече дека ваквата идеја е „луда“ и предупреди дека станува збор за многу неодговорен експеримент, пренесува Fox News.

Тој додаде дека предлогот на научниците на Харвард е „идентичен на оној од кој се плашеле во 80-тите години – нуклеарна зима“.

Шеленбергер рече дека не знае какво влијание ќе има овој експеримент врз земјоделството.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here