Алексис: Го обожавам овој спорт, сакам цело време да играм

0
15


Чилеанецот синоќа со два гола ја сруши Парма, а тие два се први на еден Чилеанец за Интер после 22 години.

Интер синоќа гостуваше кај Парма во последниот натпревар од 25. коло во Серија А. Алексис Санчес во 54-тата и 62. минута донесе водство кое неговиот тим до крајот го задржа, иако Парма успеа да намали во 71. минута преку Ернани. Но, на крајот Интер победи со 1:2 со што ја зголеми предноста на табелата на +6 во однос на второпласираниот Милан.

„Беше тежок натпревар, но таква е оваа лига. Мора да се бориш ако сакаш да победиш. На прав пат сме, треба само да мислиме на себе и да не правиме грешки“, вели двојниот стрелец, 32-годишниот Алексис Санчес.

Последен пат кога чилеански фудбалер во дресот на Интер постигна два гола на еден натпревар е во 1999 година кога легендарниот Иван Заморано погоди двапати и тоа против… Парма!

„По поразот во финалето од Лига Европа, целиот тим многу се подобри, особено младите играчи. Тоа е благодарение на работата која ја врши тренерот. Едноставно, го направивме наредниот чекор“, додава тој зборувајќи за Sky Sport.

Санчес дојде во Интер на крајот од август 2019 година од редовите на Манчестер Јунајтед, но тешко му одеше враќањето во форма. Лани одигра 22 натпревара, постигна 4 гола со 9 асистенции, но одигра вкупно само 918 минути или 41,72 во просек. Сезонава досега има 18 натпревари, 5 гола и исто толку асистенции, а на теренот мина 823 минути или 45,72 во просек.

„Јас секогаш сакам да играм. Јас сум како лав кој цело време сака да си игра, но моето искуство му го оставам на располагање на тренерот. Го обожавам овој спорт. Сакам да играм и мислам дека тоа можете да го видите на теренот. Среќен сум од овој натпревар. Сите се жртвувавме и добро се подготвивме за овој натпревар заедно со стручниот штаб“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here